речник контакт

Издадена кована пара со ликот на свети Никола Чудотворец

Цената на кованaтa парa изнесува 3.800,00 денари.

Петар Печков

Народната банка на Република Македонија издаде и пуштi во оптек кованa парa за колекционерски цели „свети Никола Чудотворец“.Овaa кованa парa е изработенa од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм. Цената на кованaтa парa „свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800,00 денари.

Кованата пара „свети Никола Чудотворец“ ги има следниве карактеристики:

 на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик. 

на реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот: „свети Никола Чудотворец“ (на руски јазик).

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »