речник контакт

Издадена публикација за првите македонски стрип цртачи, чии дела се објавувани во 70- тите години во „ЈУ стрип“

Промоцијата беше на 20 јубилеен стрип салон, кој се одржа во Велес

Петар Печков

На 20 јубилеен стрип салон, кој се одржа во Велес, беше промовирана и публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“. Нејзин автор е штипјанецот Алексндар Стеванов.  „ЈУ стрип“ е белградско издание за стрипот, кое излегувало од 1977 до 1987 година.

„За разлика од други стрип публикации, кои во истиот период излегувале во тогашна Југославија, во „ЈУ стрип“ се објавувале и  македонски стрип  автори. Многу е битно да се открие и публикува таа етапа од македонската стрип историја.  Така преку ова стрип издание македонските автори се промовирани  на просторот од поранешна Југославија.  На тој начин, многу автори кои го анализираат југословенскиот стрип, токму од ова релевантниот „Ју стрип“ издание, ги вбројуваат и македонските автори во нивните анализи и трудови“ - кажа Стеванов, кој по струка е дипломиран лекар, но животниот пат го одвел во стрипот и тој е сега работи компјутерска анимација.

Неговото истражување покажало дека прв македонски  стрип автор, кој издал негово дело во „Ју стрип“ е Илија Поповски, син на писателот Стале Попов.  Прв издаден негов стрип е „Вселенска авантура“.

 „Не се работи за научна фантастика, туку за едно монтипајтоновска комедија, комедија на границата на апсурдот. Многу е забавен стрипот, интересен, забот на времето го нема прегазено и денес“ - додава Александар. Потоа со три стрипа во „Ју стрип“ бил претставен Љупчо Филипоски, за стрип познавачите најзначајниот македонски автор.

Првиот бил „Одмазда на еднооките“ за војниците на Самоил. Тој бил првично објавен во стрип едицијата „Никад робом“ а по барање на читателите е реобјавен во „Ју стрип“. Свои стрипови објавил и Димитар Иванов Димано и тоа за најпознатиот македонски шегобиец „Итар Пејо“.
Издавач на публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“ е самиот автор Александар Стеванов а финансиски е помогната од Министерството за култура, со годишната програма.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »