речник контакт

Излезе двобројот на единственото стрип издание во Македонија ,,Стрип креатор,,

Во двобројот застапени се и домашни но странски автори учесници на Меѓународниот стрип салон

Петар Печков

Во издание на Стрип центарот на Македонија-Велес  излегоа 21 и 22  број од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание кај нас. Издавачот ја задржува традицијата во ревијата да доминираат  најдобрите стрипови од Интернационалниот  стрип салон, ,како што се делата на Саша Арсениќ и Предраг Ивановиќ- Микица(Србија), Кирси Салонен (Финска), Петар Станимиров и Јоана Младенова (Бугарија ), Михаел Петруш (Полска), Ангела Пиацентини (Италија) сценаристите Предраг Ѓуриќ и Марко Стојановиќ од Србија.

Заедно со нив, рамномерно застапеност добиваат млади и неафирмирани стрип автори од Македонија.Свои стрипови имаат и талентите како што се Јована Велинова, Филип Новески, Бојана Милчевска, Ивана Самандова, Ангела Чалоска, сценаристот Александар Стеванов, текстовите на младиот стрип теоретичар Бошко Караџов.

Финансиската подршказа печатењето на Стрип креатор, претходно ,,Стрип арт,, ја овозможи Министерството за култура на Р.Македонија, а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »