речник контакт

Излезеноста во 17 ч. во велешко 40 отсто, падна во однос на претседателските од 2019-та и пониска од парламентарните избори од 2016-та

Одзивот и во соседните општини Градско, Лозово и Чашка

Петар Печков

ТрМр ги собра резултатите за излезеноста  до 17 ч. во ОИК Велес и соседните општини, според Државната изборна комисија

Излезеноста за гласање во ОИК Велес до 17ч. е 40  % за сите 84 избирачки места (за споредба за парламентарните  избори во 2016-та  кога  имало 55,6%)

Излезеноста за гласање во ОИК Градско до 17 ч. е 45,97 % за сите 11 избирачки места ( за споредба за парламентарните  избори во 2016-та кога  имало 67,06 %)

Излезеноста за гласање во ОИК Лозово  до 17 ч. е 55,53 % за сите девет избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори 2016-та кога  имало 69,8%)

Излезеноста за гласање во ОИК Чашка  до 17 ч. е 46,81 %  за сите 30 избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори 2016-та кога имало 59,76 % )

Во третата изборна единица излезеноста до 17  ч беше 43,96  % од запишани 278.511 гласачи, од 99,3% избирачки места ( споредбено со парламентарните избори во 2016-та кога имало  64,89 %)  додека на ниво на држава, беше  38,78 % од запишани 1.814.263  граѓани со право на глас, за 99,4 % избирачки места ( за споредба со парламентарните  избори во 2016-та  имало 60,41 % )

Податоците се според Државната изборна комисија.

Следните податоци ќе бидат презентирани за излезeноста во 19 ч.  На овие избори се гласа до 21ч.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »