речник контакт

Излезеноста за локалните избори во Велес до 13ч. била 24,52

Каква е излезеноста во соседните општини Градско, Лозово Чашка

Петар Печков

Излезеноста на гласачите во Општина Велес во 13ч. е 24,52 отсто или од запишаните 45,892 гласачи првото на глас го оствариле 11.231 ( од 99,82 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 30,72 отсто.

Во Општина Градско излезеноста е 30,15 отсто или од запишани 3.113 гласачи, правото на глас го реализирале 937 лица (од 99,84 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 27,90 отсто.

Во Општина Лозово излезеноста е 32,50 отсто или од запишани 1.984 гласачи, правото на глас го реализирале 652 лица (од 99,90 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 38,10 отсто.

Во Општина  Чаша  излезеноста е 30,18  отсто или од запишани 3.171 гласачи, правото на глас го реализирале 1.860 лица (од 99,89 пребројани гласови).  Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 30,24 отсто.

Податоците сe од Државната Изборна Комисија

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »