речник контакт

Излетал од патот, возачот тешко повреден, двете сопатнички минале со лесни повреди

Поради спецификата на повредите возачот С.А. е пренесен на КАРИЛ во Скопје

Петар Печков

Утрово автомобил излетал од регионалниот пат Велес - Градско, кај селото Венуле,тројца повредени еден е пренесен на Клинички во Скопје.

„Денеска 3 февруари  околу 07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Градско – Велес, С.А.(58 год) од Велес, управувајќи патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Сопатници во возилото биле  У.Б.К.(45 год) од Велес и С.Ч.(39 год) од село Виничани “- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Во несреќата прва помош им дала екипата на Итната помош, по што сите тројца пациенти ги префрлила на хируршкото одделение.

„Донесени се тројца пациенти, едниот од нив С.А. има политраума, повеќе скршеници и поради спецификата на повредите е пренесен на КАРИЛ во Скопје. Двајцата други пациенти имале лесни повреди и се пуштени на домашно лекување “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролот  на Општа Болница Велес.  

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.

Сообраќајот на регионалниот пат Велес - Градско беше во прекин од 8 до 11 ч.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »