речник контакт

Излетал со автомобил од автопат, удрил во ограда, завршил на Ургентен

С.Г.(62 год) има повреди на граден кош, `рбет, врат па поради специфичноста на повредите префрлен на Ургентен во Скопје

Петар Печков

Богомилчанец, кој живее во Скопје, враќајќи се од родното место, излетал од патот  и удрил во ограда, после наплатната рампа Отовица. Поради специфичните повреди, пренесен е на Ургентен во Скопје.

Вторникот во  12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес- Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда - информираа од МВР.

Први на помош дошле од Итната служба. Според началникот на Брзата помош, д-р Васе Пановска, на повредениот му е дадена неопходната помош и веднаш бил префрлен во велешката Болница. 

Кај повредениот извршени се снимања и претраги, по што е констатирано дека има повреди  на граден кош, `рбет,врат па поради специфичноста на повредите  префрлен на Ургентен во Скопје -изјави д-р Весна Николовска Неделкова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »