речник контакт

Изложба ,,Белите мугри,, на Снежана Лазарова

Делата се изработени од ориз и синап

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на уметникот наивец, велешанка Снежана Лазарова. Таа е насловена ,,Бели мугри,, а Лазарова се претставува со 31 дело, изработени од ориз и синап, во единствена и автентична техника, која авторката ја нарекла ,,луна,,   

Изложбата  е посветена на ликот и делото на поетот Коста Солев,   отворена е за денот на раѓањето на Кочо Рацин и 75 години од издавањето на неговата  стихозбирката Бели мугри. На овој начин сакам да му кажам благодарам, да му кажам фала за се што стори за македонската култура. Изворот што од мене бликна, да ја создадам оваа уметност, сега потекува и останува да го следам неговиот тек - рече Лазарова.

Таа за изработка на делата не го користела велешкиот ориз, оти не бил така квалитетен, како кочанскиот.   На изложбата се сите дела создадени во изминатите пет години, откако Лазарова започнала да ги изработува.

 Ако во почетокот сите дела биле црно бели, со време, како таа се усовршувала, почнале да добиваат и  други нијанси од семињата со кои работи.  Лазарова на нејзините дела овековечила дел од старата велешка архитектура но и неколку светци, има и пејзажи, ликови на поединци.  

Ова е трета самостојна изложба на Лазарова во Велес а учествувала и во две групни со повеќе автори од градот.  Лазарова  тврди дека друг автор како неа нема во Македонија но и пошироко, во Европа, оти не сретнала вакви дела, создадени од ориз и сианп,  дека таа е една и единствена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »