речник контакт

Изложба ,,Жената најфината творба на природата,,

Во Ликовниот салон во Велес претставени 30-тина дела, слики,скулптури, графики, од повеќе автори од Македонија и Србија кои пролетва ги создаваа во Струга. Тие се дел од меѓународниот ликовен карван ,,Сета таа убавина,,

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е  изложба  ,,Сета таа убавина,, дел од  меѓународниот ликовен карван на Тихо Кондев. На неа се претставени 30-тина дела, слики,скулптури, графики, на тема ,,Жената најфината творба на природата,, кои повеќе автори од Македонија и Србија пролетва ги создаваа во Струга.

Се решив првата тема од вториот циклус на овој ликовен карван да биде жената, бидејќи таа е најубавото нешто на природата. За прв пат во карванот имавме и авторка од Германија. Делата се работени во повеќе сликарски техники – изјави авторот Тихо Кондов. Оваа изложба откако ја видоа во Струга и Охрид, ќе биде претставена и во Кавадарци, Куманово и Скопје, но и во Белград, Ниш и Нови Сад, а следната пролет и во Бостон, Детроит и Њујорк. Позната е и темата на која авторите ќе работат  за следната година, тоа е ,, Моите најубави соништа,, .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »