речник контакт

Изложба Циклуси на Стојановски

50-тина слики, акрили и масло на платно ќе можат да се видат следните десетина дена

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес отворена  e ретроспективна изложба „Циклуси“ по повод 20 години творештво на академскиот сликар Крунислав Стојановски од Скопје, кој речиси 30 години живее и твори во Загреб. Изложбата е дел од проектот„ Кич, да или не“.

Од неговите 400 дела што од Загреб ги донел во Скопје, во Велес беа изложени 50-тина слики, претежно акрили и масло на платно, дел се формални, а дел лазурни и се дела од неговите осум творечки циклуси работени во изминатите 20 години.

Авторот  го познавам како концептуален уметник. Тој работи во повеќе циклуси, потоа преку експресионизмот, па апстрактната уметност. Препознатлива е нота на експресивност. Неговото твворештво можеме да го сублимиаме како пост модерна изложба, каде се се цитира себеси во различните циклуси и ја задржува сопствената нота, која во неговото сликарство е препознатлива преку следење на општествените социјални, па и еколошки теми -рече промоторот  Горан Ѓорѓиевски историчар на уметноста од Национална Галерија на Македонија.

Се чувствувам како ЕКГ мерач, кој ги доживува работите, ги префрла преку себе, ги фрла во вода. Милсма дека сум повеќе една машина, објект, што само служи да ја пласира стварноста на еден начин, со цел да се сврти внимание кон еден мал човек. Потребна е  помирливост, солидарност, блискост а не конфликт - рече авторот Стојановски.

Авторот работи во циклуси, почнувајќи од 1994  со „Лица-Портрети“, подоцна преку циклусите „Кристали“, „Калевала“, „Енергија“, „Земја“, „Рељефи“, „Меандри“, „Простори“. Се занимава и со апстракната уметност т.е риформелот кога користи несликарски материјали како песок и слично. Крунислав Стојановски своето творештво го има претставено преку повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Осијек, Ријека, Ѓаково, Задар, Виена, Хелсинки, Скопје, Берлин, Торино и Ротердам.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »