Петар Печков
Објавено: петок, 25 август 2023
Во медиотеката од градската библиотека поставена е изложба „20 години Салон на стрипот“ на истата се претставени плакати, стрипови кои биле дел од содржините на манифестациите годините наназад. Организаторот и идеен творец на манифестацијата Ване Трајков се потсети на дел од настанети кои го одбележаа настанот.
„На почетоците на манифестацијата 2003 и 2004-та гостите беа сместени дома кај мене по седум -осум души, обезбедував сместување, храна. Само стрип фестивалот да се одржи. Во годините што следат имаше моменти кои ќе го одбележат фестивалот, но и живеењето на градот. Во 2011-та дојде американецот Џамал Ајгел стрип цртач на ДС Комикс, на Супермен, Бетмен, Лигата на правдата. Следната година гостин беше цртачот на Загор Италијанецот Марио Лоренти. Тој Фестивал ќе остане забележан по бројните гости кои дојдоа тогаш и никогаш повеќе. Тие земаа по еден, некои и по две -три, од 128 оригиналните табли со стрип јунакот Загор. Тие денес вредат по 500 евра на пазарот. Следните години доаѓаа гости од други држави, имаше и цртач на „манга “стрип од Јапонија. Со годините манифестацијата беше интересна па имаше се поголема финансиска помош“ - кажа Трајков.
За овие 20 годни меѓу добитниците на признанието за животно дело за стрип се најдоа и Миле Топуз, Диме Иванов Димано, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, стрип книжарницата „Бункер“, списанието „Остен“.
Tweet |