речник контакт

Изложба за шест децениската работа на ликовниот уметник Сашко Попов во Велес (фото)

Авторот се претстави со 60-тина дела, масло на платно и цртежи

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е самостојна изложба на ликовниот уметник Александар Сашко Попов. Со неа тој одбележува 6 децении работа  а истата е посветена на неговиот професор Лазо Личеноски. На изложбата се поставени  30 масла на платно и исто толку  цртежи и е насловена ,,Од моите патувања,,. Ова е негова 25-та самостојна изложба а има поставувано негови дела и во САД, Русија, Канада, создадени на неговите бројни студиски патувања во светот.

Мојот професор Личеноски постојано не советуваше „ученици, ако некаде патувате, задолжително носете си прибор за цртање  и сликање и да сликате“. Неговиот совет го прифатив. Кога патував, сликав. Благодарение на неговиот совет, јас ги имам овие цртежи и слики, вели  Попов.

Промоторот Драган Миладиновски, директор на Институтот за култура при Славјанскиот универзитет, истакна дека да се создава уметнички дела цели 60 години само по себе значи да се биде фокусиран целиот тој период на истражување.

Тоа значи да се биде фокусиран на возбудата која го следи се четката натопена во боја за да го наслика и визуелизира својот свет. Како потврда или спротивставеност, како искуство или нова радозналост, како игра или борба, како вклучена телевизија, како што тој сите овие поими ги разбира и доживува, истакна Миладиновски.

Авторот  Попов ги создава цртежите и сликите со најразлична тематска содржина и определба, воглавно лирски интонирани. Цртежите  на кои најчесто е преставена архитектурата ја поседуваат реалистичната особина и само некаде се појавуваат слободните форми, настојувајќи да возобличат некоја рефлексија - рече Елица Николова директорка на Народниот музеј на Велес.  

Александар Попов Сашко средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1954 година, а во Белград во 1959 година дипломирал на Академијата за применета уметност во класата на Васа Помаришац.Попов има остварено над 25 самостојни изложби во земјава и странство и има учествувано на повеќе групни изложби. За своето богато творештво има добиено и голем број домашни и меѓународни награди и признанија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »