речник контакт

Изложба на Антонио Јаневски „Неславни прикази“ (фото)

Авторот во овој негов период на творештво, го истражува концептот на разбирање на медиумот на сликарството како современ начин на изразување

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од академскиот сликар Антонио Јаневски, кој во родниот град се претставува со негова втора самостојна изложба.

Актуелната на која има поставено десетина негови дела создадени последните години е насловена „Неславни прикази“, и е дел од  годишната програма На Министерството за  културата за 2021 година.

„Мотивите не конвенционални, како во моето претходно сликарско практикување, со амбиенти, пејзажи. Работам друг вид процеси, креирање. Создавам уметничко истражување во студиото. Дел се од масло на платно, работени во  период од два три месеци. И се одраз на моето расположение и идеа во моментот. Сум цртал со една мисла,  па потоа врз дел од нив со други бои.  Од момент во момент друга е работата, друга состојбата, друг е денот. Има мирни партии, има драматични. Во втората фаза создавав дигитални дела, таму  компонирањето нема граници. Се враќаат потези, имам слобода“ - кажа авторот Јаневски.  

Тој  има завршено  Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на Димитар Малиданов и Славица Јанашлиева, магистрира во 2016 кај професор Благоја Маневски. Токму тој беше промотор на изложбата.

„Во еден дел од оваа негова изложба Јаневски, работи со компјутерско моделирање. Во свет на брз технолошки развој, уметникот не може да бие имун на овие помагала. Слободата во творењето на уметникот  се благодат на неговата креативност. Во таква смисла ги гледам овие понови негови дела како готов производ. или прототипов за негови идни остварувања“ - кажа Маневски.  

Авторот во овој негов период на творештво,  го истражува концептот на разбирање на медиумот на сликарството како современ начин на изразување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »