речник контакт

Изложба на Буба Манчевска во Велес

Нејзина третта изложба во родниот град, прва по пауза од 20 години

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена седмата самостојна ликовна изложба на академскиот уметник од Велес, Буба Манчевска, пензионирана професрока по ликовна уметност.

На изложбата насловена „Пејсажни варијации“ со која авторката го заокружува својот 30-годишен творечки јубилеј се претставени 39 слики, акрил на платно, дел 29 работени последните десетина години, додека дел од десет слики се досега неизложени продадени и дел од колекции на приватни колекционери.  Некои се и од 1984-та година.

Ликовниот критичар Конча Пиркоска за творештвот на Манчевска ќе појасни дека сликарката која во нејзиното творештво минала низ различни стилски фази, тргнувајќи од реалистичката, преку асоцијативно-експресионистичката, апстрактната. Овие нејзини најнови дела од овој цисклус се дела со асоцијативен апстрактен пејсаж на земјата и небото, со доминантен машко-женски принцип, односно принципот на јинг и јанг.

Манчевска со своите пејсажи ја постигнува својата цел, има огромен скок од она што претходно го работела и сега, потенцира Пиркоска.

Новинарката Сутка Оцедова за творештвото на Манчевска вели дека сликарката во опусот на новите апстрахирани пејсажи стигнува до широки платформи, не преземајќи го ризикот на минуциозноста, одново гори.

Тоа се црвените платформи произведени со најголеми четки, тоа се одново небесните сини стојалишта и можното нивно помирување. Сликарката го објави новиот поход кон досегашните ликовно-естетски креации кои не ја заситија гладта за одговори, потенцира Оцедова.

Уметницата Манчевска за своите најнови дела вели го насликала целиот свет.

Мотивите се пејзажи од цел свет.  Тука се сите континенти, тука е небото и земјата со Сонцето и ѕвездите кој може да ги види. Јас сум пресреќна што ги чувствувам, се надевам дека и другите го гледаат тоа на моите слики и преку нив ќе го почувствуваат тоа што го чувствувам јас. Разговарајте со сликите, мене не ме  прашувајте ништо   вели Манчевска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »