речник контакт

Изложба на Мартина Спасовска со портрети на жени жртви на родово насилство

Изложбата со наслов „Лузни на издржливост, гласови на надеж“, претставува 10 портрети работени во масло на платно

Петар Печков

Во Велес е отворена изложба на ликовната уметничка Мартина Спасовска. Таа во Европската куќа во Велес се претставува со десетина дела, портрети изработени во масло на платно.

Изложбата со наслов „Лузни на издржливост, гласови на надеж“,визуелно ги прикажа лузните и болката, изразувајќи туѓа вистина. Таа прикажува ликови на жени жртви на родово насилство.

„Овие платна носат моќна порака за издржливоста и надежта, претставувајќи ја борбата и силата на оние кои се соочуваат со оваа реалност„- кажа авторката Спасовска.

Изложбата е наменска во рамките на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Таа е поддржана од ЕУ, ОБСЕ, УСАИД и ОН за Македонија.   Мартина Спасовска е млада визуелена уметница, родена 1997 во Куманово,  која дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2023 година, на отсек сликарство.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »