речник контакт

Изложба на Осман Демири и Касиопеја Наумоска

На едно место уметнички слики и уметнички фотографии, заедно

Петар Печков

 
 Во Ликовниот салон во Велес отворена е заедничка изложба на ликовниот уметник Касиопеја Наумоска од Скопје и фотографот Осман Демири од Куманово.  На изложбата се поставени по 20-тина дела од секој автор, кој следните десетина дена ќе бидат пред велешката публика.

Касиопеја Наумовска е родена во Скопје 1968 година, каде и дипломира на Академијата за ликовна уметност 1993 година. Реализирала над 25 самостојни и повеќе од 100 групни и меѓународни изложби. Член е на ДЛУМ и ДЛУБ, а добитник е и на повеќе награди.

Осман Демири, роден е 1965 во Куманово, Филолошки факултет завршува во Скопје. 1993 година, завршува специјализација за рекламна фотографија во Италија. Реализирал 20 тина самостојни и многу групни изложби и колонии во земјата и странство. Покрај многубројните ангажмани е режисер на фотографија на повеќе филмови, во 1999 год. Предавач на фотографија на ФЛУ во Тетовскиот  Универзитет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »