речник контакт

Изложба на Родољуб Анастасов, портрети работени со молив, во Ликовниот салон (фото)

Претставени се околу 200 портрети

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот сало во Велес беше отворена изложбата  “Визии -Глава полна со луѓе“ со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов.

На неа се претставени околу 200 портрети изработени во техника молив во мали формати. Тие досега биле изложени летово на изложбата во Скопје. Истите се создадени во периодот 2016 -2020 година.  Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева.

„Ова се цртежи кои Анастасов ги работи после неколку негови животни премрежија, кога престана да слика, после доживеан тежок мозочен удар. Тој е еден од ретките светски сликари кои се рехабилитира и повторно работи, сега не со боја туку со молив. Работи цртежи, портери кои се исклучително тешки за работење. Прикажана е неговата борба на ангели и демони“ - рече Намичева.   

Овој изложбен проект е подржан од Министерството за култура. На тематски план  серијата на цртежи е автобиографска затоа што портретираните луѓе, на еден или на друг начин, биле дел од неговиот живот или барем ги сретнал на неговата животна патека и останале запишани во неговата меморија.

„Ова се портрети на сите мои луѓе и за лошите и за добрите“ рече Анастасов.

Организатор на изложбагта е Народен музеј Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »