речник контакт

Изложба на Филип Коруновски „Носталгија на изолацијата“

Авторот се преставува со 24 дела,создадени во јули и август годинава. Ова е негова четврта самостојна изложба во родниот град

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложба на дела од академскиот сликар Филип Коруновски, насловена „Носталгија на изолацијата“. Авторот се преставува со 24 дела, изработени во различни техники, создадени во јули и август годинава.  Ова е негова четврта самостојна изложба во родниот град. Тој работи во велешки театар како сценограф.  

„Изложбата е инспирирана од ковид изолацијата, кога луѓето открија нови интереси  и се потсетија на старите, во период кога имаа ограничени можности што да работат. Симболички се претставени луѓе кои имаат кои имаат интереси во креативниот домен“ -кажа авторот Коруновски.

Делата се дигитални графики, работени на дигитален принцип, со употреба на современи технологии, во манир на класична графика, објасни авторот. Промоторот Елица Николова  потенцираше дека младиот ликовен уметник во секој нов циклус се  надградува, изградува сопствен ракопис по кој станува препознатлив што е и најголем идеал за секој уметник.

„Авторот со користење на традиционалните техники и нови технологии,  во создавачкиот чин на стилизирани ликови, сведени на елементарност без навлегување во детали, слика ликови предадени во различни позиции, гледани од различни ракурси, со навидум робусни колористички контури со црна боја и темни тонови, надополнети со експресивни колоритни потези на жолтата и црвената боја“ - кажа Елица Николова, историчар на уметноста, од Народен музеј Велес.

Филип Коруновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје- графика, за подоцна да магистрира на  одделот за скулптура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »