речник контакт

Изложба на канаринки

Изложени се сто и четириесет птици. Годинава таа беше натпревувачка

Петар Печков

Во просториите на Ловното друштво Руен од Велес, викендов  се одржува изложба на канаринки. Организатор е Здружението за заштита и одгледување на благородни птици  и птици пеачки   ,,Канаринец,, Изложбата се одржува во чест на  Денот на Општината 9-ти Ноември.  По повеќе годишна пауза, изложбата има натпреварувачки карактер.

Со оваа изложба се обидуваме д се промовираме во јавноста. Последните години имаме зголемен интерес кај велешани за одгледување на птици. Имаме се повеќе членови и да заинтересираме нови. Ова е деликатен спорт, треба повеќе внимание на птиците. Доаѓаа велешани да ги гледаат оти  вакви птици нема во природата,. Затоа се чуваат во кафез. Племенити се со боја. Имаме дијамантски гугутки кој ретко можат да се видат кај нас  Имаме канарии во боја егзоти, бастери. Кај канаринките има мозаици, опали, бели, ахати – вели  Љупчо Саздов претседател на здружението.

Тие во  зимскиот период од годината   вршат заштита на дивите птици, на птичјиот фонд ги прехрануваат. Заедно со локалната власт поставени се не неколку места хранилишта на дивите птици.   Велешкото друштво ,,канаринец,, заедно со  Славеј  Скопје и Кардинал од  Прилеп се основачи на Орнитолошка федерација   на  Македонија а прв претседател бил велешанец д-р Никола Медаров. Експонатите на изложбата  беа оценувани од  орнитолошко меѓународно признати судии

Велешани се повеќе се вложува во одгледувањето на птиците. Имаат одлични примероци некои и до странство. Предначат бели и црвени канаринци, додека послаби се во жолти и малку има бастарди. Тоа е мешавина помеѓу дива и канаринка. Генерално изложбата  е одлична и јас сум задоволен. Таа е голем исчекор напред и изјави судијата на оваа изложба.

Тој потсети дека птиците во најдобра форма и изглед се во втората половина на декември. Победниците ќе учествуваат на финалето кое при крајот на декември ќе се одржи во Скопје. Судиите оценуваа  според бојата на примероците, големина, облик  конституција, пердуви.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »