речник контакт

Изложба на килими од велешко

Македонската традиција пред очите на јавноста

Петар Печков

Килимите во Велес е насловот на етнолошката изложба која беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Десет килими стари по век и повеќе години, вредни и повеќе стотина евра се прикажана на јавноста во градот. Кај сите преовладува традиционалната  црно црна боја.

Ги  поставивме овие килими за младите да видат како живееле нашите стари.  Ова е национално богатство кое има огромна вредност, бидејќи денес и го нема, скоро килимите не се изработуваат. Се користеле за постилање на подот, помалку за креветите, најчесто  со нив се прекривале  гостинските одаи. Од зависност на ткајачката, такви биле и шарите,за нивниот изглед нема правило   - рече Светлана Ѓоргиевска виш кустос по етнологија во Народниот музеј во Велес, автор на изложбата.

Поголемиот дел од килимите се донација  на велешкото семејство Депинови, а дел се откупени. Тие се наоѓаат во спомен куќите на Рацин и Васил Главинов. Килимите се изработувале и користеле се до средината на минатиот век, до 60-тите години, кога ги заменуваат теписите и другите прекривки од индустриското производство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »