речник контакт

Изложба на младиот ликовен уметник Антонио Јаневски

Немукает е насловот на изложбата на графики на неодамна дипломираниот Јаневски

Петар Печков

Во Ликовниот салон    изложба имаше неодамна  дипломираниот академски уметник- графичар Антонио Јаневски од Велес. На изложбата беа преставени десет графики од неговиот дипломски труд „Немукает“, како и дваесетина цртежи и слики.

Поттикнат од еден социо -психолошки феномен народски наречен „немукает“ авторот на сопствен ризик си дозволува длабоко да навлезе во истражување на една нејасна сфера на комплексен склоп на однесување на народот на ова поднебје.

Тој вели дека овој мотив немукаетот ќе биде инспирација за неговите дела и во наредните неколку години. Изложбата промотивно ја претстави на 13. јуни во Македонскиот културен центар МКЦ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »