речник контакт

Изложба на олдтајмери на Питијадата (фото)

Беа претставени 43 автомобили, најстариот кој има „снимено“ три филма беше од 1941

Петар Печков

Претпладнево како дел од Велешката питијада, имаше изложба на стари возила во возна состојба, олдтајмери. Нејзин организатор беше олдтајмер клубот„ Kings of the streets“. Можеа да се видат 43 автомобили а еден од нив беше од соседна Србија од Врање. 

Автомобилите беа различно годишите на производство  од повеќе градови од земјава и различни марки.   Најстар беше олдтајмерот „опел капитан произведен 1941 сопственост на Љупчо Трајковски - Словенец.

„Возилото е 2.5 мотор , шест цилиндри. Моделот е произведуван од 1938 до 1950, има 25.476 примероци. Го користам за  мое лично задоволство и вака да го прикажувам на јавноста на изложби. Не служи за изнајмување“ -рече сопственикот Трајковски.  

Автомобилот има учествувано и во снимањето на и три  македонски филма „Среќна Нова 1949“, „Ослободувањето на Скопје“ и „Сенките над Балканот“.

Меѓу изложените автомобили имаше и од Велес. Вниманието го привлече модел „пежо 203“ од 1951, од Александар Мирчевски, кој ги продолжува традициите на неговиот татко Борче.  

„Колата беше репарирана две години има 1.6 мотор, пет брзини. Набавена од Скопје“ -кажа Мирчевски.

Единствениот учесник од странство, беше од Врање  шведски автомобил „сааб“ произведен 1976.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »