речник контакт

Изложба на отворено во Чашка

Изложени се 12 дела од 10 уметници, работени во различни техники, меѓу нив и една концептуална инсталација

Петар Печков

Во населба Чашка отворена е изложба  „Галерија под отворено небо‟  во организација на  Драганчо Таневски локален интердисциплинарен уметник. Изложени се 12 дела од 10 уметници, работени во различни техники, меѓу нив и една концептуална инсталација. Авторот на изложбата вели дека ја почувствувал  потребата за пласирање на ликовната уметност во Општина Чашка.

„На изложбата се преставуваме автори од една генерација, кои заедно бевме на Факултетот за ликовни уметности, со некои и од средното ликовно училиште. Не поврзува дружбата пријателството. Ја создадов „Галерија под отворено небо‟ преку која директно ја носиме уметноста пред граѓаните на  Чашка. Изложбата има своја карактеристика, што излегува од рамките на затворените галериски простории и се вклопува во јавниот простор со цел  уметноста да биде подостапна и повидлива “ - кажа Таневски.

На групната изложба учествуваат авторите  Ана Трајковска, Сали Ертунч, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Сања Симоска, Бранкица Јордановска, Ѓоше Манчев, Ивана Самандова, Елена Димова Пантелиќ и Драганчо Таневски. Поради зависноста од  временските услови изложбата ќе биде поставена одреден временски период, за да не се оштетат делата.  Изложбата е проект финансиран од  Центарот за современи уметности‟ -Скопје и „Фондација отворено општество Македонија‟/

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »