речник контакт

Изложба на пејзажи од Александра Гиноска во Ликовен салон во Вeлес

Таа се претставува со 14 дела, работени на платна во акрил на зложбата „Интервалите во мене“

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложба на дела од уметничката Александра Гиноска од Прилеп. Таа се претставува со 14 дела, пејзажи работени  на платна во акрил. Изложбата е именувана „Интервалите во мене“.

„Во претставените слики, се забележува како инспирација e пејзажот, каде две димензии се постојано во дијалот, времето и просторот. Тука се случува еден момент на интервал, кога имаме реакција, случување. Тоа е презентирано во различен момент и затоа изложбата е наречена интервал“ – кажа авторката на изложбата Гиновска.

Изложбата е финансирана од годишната програма на Министерството за култура. Ja реализираше Народниот музеј од Велес.   Гиноска дипломирала на ФЛУ  Скопје, отсек вајарство –конзервација и реставрација.

„Со примената на разни контрасти на многубројни ликовни елементи, авторката ги манифестира внатрешните медитативни процеси исполнети со антагонистичка тензичност и разиграни динамични дијалози, односно според неа во сликите меѓу чистите површини има одреден акцент на динамиката и тоа е интервал кој го доживуваме во просторот и времето“ – кажа  промоторот  м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »