речник контакт

Изложба на портрети на Делчев од уметникот Ангел Петров

Таа е поставена пред семејната куќа на уметникот

Петар Печков

Невообичаена изложба од денес па до понеделник е поставена пред домот на починатиот велешки уметник Ангел Петров. Таа е во чест и сеќавање на Гоце Делчев, кој беше често мотив во портретите на уметникот.

„Изложбата е во чест на 150 годишнината од раѓањето на Делчев. Поставените портрети се дело на Ангел Петров, работени во различни техники - масло, пастел, туш, молив им комбинирана техника“- соопштија од фондацијата Ангел Петров.

Изложбата ќе биде поставена до 7-ми февруари на ул. Архиепископ Михаил бр. 11. позади хотелот Интернационал.

Академски сликар  Ангел Петров 22 август 1933 Велес - 4 јули 2020 Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »