речник контакт

Изложба на стар накит

Пред велешани единствена можност да го видат накитот на нивните предци стар и до два века

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес  отворена е уникатна изложба на стар накит насловена ,,Сјајот на накитот,,. Повеќе од стотина примероци кои потекнуваат од 19-тиот век се до средината на 20-тиот век се најдоа во витрините и пред погледите на велешани.  Автор на изложбата е Светлана Ѓоргиевска виш кустос етнолог од Народниот Музеј во Велес.

Пафти, филиграни, ланци, прстења, обетки, сите украсни детали кој македонскиот народ ги носел за разни веселби, крштевки, свадби, имендени, слави, изминатите два века се претставени пред јавноста. Изложбата е отворена следните десет дена а сите предмети се сопственост на Народниот музеј од Велес, кој ги има откупено или пак му се подарени од познати велешки семејства.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »