речник контакт

Изложба на староградска архитектура ,,Пет градови,,

Во Куќата на Касапови беше отворена изложба посветена на бисерите на староградската архитектура на Куманово, Штип, Берово, Кратово и Велес

Петар Печков

  Во Куќата на Касапови беше отворена изложба ,,Пет градови,, посветена според  поднасловот на бисерите на староградската архитектура на Куманово, Штип, Берово, Кратово и Велес. Истата е резултат на тригодишната  заедничка работа на дел од македонските архитекти од овие пет града и на регионот на  Долна Нормандија од Франција. Овој заеднички истражувачки документарен проект финишираше co изложбата. 

Изложбата е  кадриран исечок од тимска работа на 24 архитекти од Македонија. Ова беше пилот проект кој се  одвиваше две години ,,Инвентаризација на  архитектонско културно наследство на пет градови на Македонија,, . Многу важно е жителите, граѓаните да станат  чувствителни и одговорни за своето опкружување. Тие треба да го чуваат наследството, тоа е најтешката работа.  Инвентаризацијата се работеше на избрани куќи, на секој од петте градови. Многу важно беше да се сфати ова како метода на заштита и планирање, но и траен извор на визии на менување на едно место – изјави   Гоце Аџимитревски од Асоцијација на градови со архитектонско наследство.

Секој град беше претставен со  паноа на фотографии и текстови за  неговите истражувани јадра. Една страна  од паноата беше истражувачка а на другата документарна. Вкупно се опфатени 41 објект.  За Штип е опфатен реонот на Ново село, Велес кај Градскиот саат, Кратово – Средна маала, Куманово -  Хотел Куманово и Занатски дом,  и од  Берово – Стара чаршија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »