речник контакт

Изложба на четворица уметници од Велес во Неготино (фото)

Со свои дела се претставуваат Живко Пренџов, Спасе Перовски, Илко Стојановски и Александар Јовановски

Петар Печков

Во Музејот на град Неготино  се отвори изложба на четворица еминентни ликовни уметници од Велес, Живко Пренџов, Спасе Перовски, Илко Стојановски и Александар Јовановски.

Тие творат во различни ликовни правци, препознатливи по нивното творештво, чија заедничка компонента е што се целосно вклучени во модерната ликовна клима и кои преку заедничката изложба  даваат можност за едно ретко ликовно доживување.

„Изложбата во својата концепција има за цел да ја презентира силината и индивидуалноста на ликовниот ракопис на секој од авторите, сликарите Живко Пренџов, Александар Јовановски Мијак и Спасе Перовски кои работат  сликарски и графички техники, како и  единствениот скулптор меѓу авторите, Илко Стојановски, автори кои преку својата активност веќе се препознатливи и пошироко во регионот на меѓународен план, кои преку своите изложби и учества на бројни колонии, во земјава и надвор од земјава, ја промовираат македонската ликовна култура“ - кажа Драгица  Чекорова директорка на Музеј  на град  Неготино.

Изложбата е дел од културното лето ,,Неготино 2023", во соработка со Музеј на град Неготино и Народен Музеј - Велес. Куратор на изложбата е Елица  Николова од Народен музеј Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »