речник контакт

Изложба од отпад за Денот на Планетата Земја

Децата од градинките со еко настан

Петар Печков

Одбележувањето на  Денот на планетата Земја 22 април  се одржа  Детската Градинка во Велес, во клон 2 , кај Жаба зграда.   Преку изложбата ,,Од отпад изложба правиме- денот на нашата планета го славиме,,  најмладите од градот сакаат да сигнат до Зеленото еко знаме, кое се доделува на републичко ниво.

Оваа манифестација е посветена на екологијата и на Планетата Земја. Преку целата година децата учат да штедат енергија, вода,се уредуваат дворните површини. Собираме и селектираме отпаден материјал и така кај најмладите ја подигаме свеста. На дел од него му дадовме живот и ги создадовме овие дела со кој се претставуваме пред јавноста, родителите на децата и сите гости  -  рече Анида Цецева директорка на    Детските градинки од Велес.

Изложбата беше подготвена од стара пластика, хартија, тетрапак. Настанот  беше збогатен и со настап на дечињата од средните групи од сите објекти. Тие пееја песни за Планетата Земја, за екологијата. Влезница за овој настан беше секој посетител да донесе пластично шише а собраните количества ќе се продадат а со собраните средства ќе се купат боички,  фломастери.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »