речник контакт

Изложба од природни материјали на Ристо Соколов

Тој се претставува со 30-тина дела , некои изработени од слама, трска, кал и земја.Изложбата на овие ретки дела е продажна

Петар Печков

Во организација на Народниот музеј од Велес  во Ликовниот салон  беше отворена самостојна ликовна изложба на академски уметник од Кавадарци Ристо Соколов Сокол,кој твори веќе 35 години.

На изложбата беа претставени 30-тина слики од неговите два последни циклуси: „Траги“ и „Некогаш и денес“. Тие се работени во комбинирана техника и се одликуваат во оригинален ликовен ракопис, пред се природните материјали кои ги користи при создавањето на своите дела, трска, слама, кал и земја.

Елица Николова историчар на уметноста и в.д директор на Народниот музеј на отворањето на изложбата за неговите дела појасни дека делата носат силен емотивен набој и ја покажуваат длабоката поврзаност на авторот со поднебјето во кое живее и твори, користејќи ги материјалите од природата:земјата, каменот, песокот, дрвото, сламата,  она со кое е во секојдневниот допир,претворајќи ги од елементи на природата во симболи.

Јас пред неколку години во велешкото село Горно Врановци почнав да работам со природните материјали и почувствував дека имаат енергија имаат убав македонски дух и тие се нашето македонско богатство и јас решив да ги пренесам на моите дела. Во една слика со напуштено огниште оставив едно жарче што симболизира враќање кон родните огништа кон она исконското. Мојата порака е да го зачуваме она македонското што го имаме по селата и градовите и да ја штитиме не ја заборавиме Македонија да пропадне во земја,порача авторот Соколов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »