речник контакт

Изложбата на стари фотографии од Велес, продолжена до крајот на август

Изложбата на стари фотографии ,,Велес низ минатото,, ќе биде поставена до крајот на летото, поради големиот интерес на посетителите.

Петар Печков

Поради големиот интерес и бројните гости кои сакаат да го видат Велес како излгедал со децении и векови наназад, посетителите ќе можат во Ликовниот салон да видат 150 црно –бели фотографии, сопственост а на Народниот музеј од градот. 

Фотографиите се од повеќе периоди, при крајот на 19-тиот век, помеѓу двете Светски војни, од економската обнова на градот, неговиот  урбанистички развој.

Најмногу вниманеи привлекуваат две фотографии, таа од 1863 што е најстарта која ја има Музејот и друга сликана подоцна, кога Велес бил по течението на  реката Тополка. Изложбата, која беше отворена на 8-ми јуни, до крајот на месец август ќе може да се погледа претпладне од 9 до 13 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »