Петар Печков
Објавено: четврток, 17 декември 2020
Дела на академскиот уметник Спасе Перовски се поставени во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско. Изложбата насловена „Велес виа Градско“ е негова 11-та самостојна ликовна изложба, која е дел од свеченостите на одбележувањето на Денот на Општина Градско.
Изложбата „Велес виа Градско“ е симболична, како селење од Велес кон Градско, оти секој ден патувам на релација Велес- Градско – Стоби и назад“. На изложбата имам дела од мојата прва самостојна изложба „Истражување на духот“ и од втората „Круг“ - вели авторот Перовски, кој е директор на НУ „Стоби“.
На изложбата авторот се претставува со 15 слики масло на платно и комбинирани техники во различни димензии, изработени во неговиот ран творечки опус, од 2000 до 2008 година.
Tweet |