речник контакт

Измама „Благословени пари“

Полицијата е во потрага по жената која успеала да направи измама „Благословени пари“.

Аница Солева

Жртвата на оваа измама, идентификувана како Ана Марија изгуби 95,000 долари, нејзината работа и нејзиниот дечко. Ана Марија вели дека сето тоа започнало со сесија од 10 долари за одговор на некои едноставни проблеми од страна на „гледачката“ г-ѓа Даниела. Тогаш г-ѓа Даниела почнала да ја убедува Ана Марија дека е опкружена со лоши духови. „Таа ми кажа дека моите пари се проколнати“, вели Ана Марија. Потоа, Ана Марија ги подигнала сите свои пари (95,000 долари) и отишла во хотел за да се најде со г-ѓа Даниела. И било речено да се истушира за да се исчисти од злите духови. Во меѓувреме г-ѓа Даниела ги ставила парите во вреќа и ги „исчистила“. И ја вратила вреќата на Ана Марија и рекла да не ја отвора две недели. Вреќата била полна со хартија. Ана Марија се соочува со загубата на своите пари, работа и дечко, но вели дека ќе си ги врати назад. „Ќе ја најдам. Ќе направам филм за ова, бидејќи може да му се случи на секого“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »