речник контакт

Изманици ветуваат работа а лековерни велешани им веруваат

Велешанецот Мите Атанасов викан Мравката (43 год) измамил 14 негови сограѓани ветувајќи им работа и визи во република ?ешка но тој заедно со парите неодамна изчезнал.

Петар Печков

Велешанецот Мите Атанасов викан Мравката (43 год) измамил 14 негови сограѓани ветувајќи им работа и визи во република Чешка но тој заедно со парите неодамна изчезнал.

Полицијата за ова дело го осомничи и му поднесе кривична приајва за измама а тој не е достапен на надлежните во државата, и е во бегство. Се проценува дека на овој начин преку банка или на каса прими, тој присвоил 12 илјади евра.

Истрагата на СВР Велес покажала дека Мите бил сопственик и управител на фирма а во почетокот на 2008-та во неколку печатени медиуми дал оглас дека врши посредување за работа во Чешка. На него се јавиле повеќемина а 14-мина уплатиле вкупно 723.800 денари со цел обезбедување виза, престој и работа во оваа држава, при што биле склучени и договори, за кој оштетените плаќале 500 или илјада евра, кои биле со цел да се заврши постапката. Оштетените ги предале и нивните пасоши кои подоцна преку адвокатот Т.Д. од Велес како посредник им биле вратени.

Неколкумесечната потрага по Мите Атанасов по телефон и лично, за да добијат информации кога ќе заминат за Чешка, била неуспешна по што случајот го пријавиле во полиција. Атанасов одамна е познат во велешката јавност по неговите „посреднички“ услуги од кој никој не видел фајде. Ова не е прв случај на измама поврзана со работа на велешани во странство.

Минатата година друг велешанец Аце Н. измами 11 сограѓани ветувајќи им работа во Хрватска и откако им собра 4 илјади евра ги остави на железничката станица во Загреб. И тој не е достапен и се наоѓа во бегство настанот се случи есента.  Сите измамени се вратиле од работа во Црна Гора. Тогаш Аце Н.им понудил да продолжат да работат во Загреб, Хрватска. За почеток „претприемачот“, кој ветувал дека има сигурна работа, побарал по 100 евра за документи, а потоа и уште 100 евра за пат од единаесеттемина измамени велешани. По неколку дена познаникот им најавил дека со воз ќе тргнат за Хрватска. По пат се било добро, но кога стигнале пред границата на Хрватска, побарал да се поделат во две групи од по шест лица. Тој им објаснил дека е потребно да се раздвојат за да не бидат сомнителни и ако полицајците ги прашаат каде патуваат, да одговараат дека одат на одмор во Далмација. Уште посомнително им било кога на границата им побарал поголема сума евра за да им ги покаже на цариниците дека навистина одат на одмор.

Тогаш единаесеттемината собрале околу 4.000 евра, кои Аце ги земал со оправдување дека кога ќе ги покаже на цариниците и на полицијата ќе бидат уверливи во приказната дека одат на одмор. Кога стигнавме на железничка станица во Загреб, се симнале од возот, а Ацо им рекол да го почекаат таму бидејќи тој ќе оди да ги најде газдите. Кога се качи во такси и замина, им било јасно дека нема ништо од работа и дека се измамени. Откако и по неколку часа од „претприемачот“ немало ниту трага ниту глас, велешаните собрале пари од тоа што малку им останало, купиле билети и со воз се вратиле во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »