речник контакт

Изминатата седмица 558 лица од Велес, се вакцинирале против ковид-19

Овој период се вакцинираат лица на возраст од 18 до 40 години и тоа со прва доза. Додека лицата над 60 годишна возраст се вакцинираат со трета доза

Петар Печков

Постојан е интересот за вакцинација против ковид-19 во Велес изминатите неколку седмици наназад.  Неделата што помина има вакцинирано  558 лица, за 13 повеќе од претходната, кога имаше 545. ова е податоците добиени од Здравен дом Велес, од вакциналниот пункт  за заштита од корона вирусот.

Цел ноември и овој декември се работи шест дена во неделата, вклучувајќи ја и сабота, со цел да се овозможи што поголем број на вакцинирани. Бројките за измината седмица покажуваат дека со прва доза се вакцинирани 157, со втора доза  144 и со трета доза 257.

„Овој период се вакцинираат лица на возраст од 18 до 40 годишна возраст и тоа со прва доза. Додека лицата над 60 годишна возраст се вакцинираат со трета доза. Од први декември аплицираме  исклучиво со вакцината „Фајзер“ -кажа д-р Страхил Тодоров од Здравен дом Велес. 

Во пунктот во Уред се вакцинираат граѓани од  Велес, селата,  но и соседните општини, Градско, Чашка и Лозово.

Заклучно со 28-ми ноември,  статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажуваат дека над 12 годишна возраст  има вкупно  47,9% , кај  категоријата +18, во велешко  има одѕив од 52%. а кај вкупна популација  процентот е 41,6 отсто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »