речник контакт

Изминатите 24 часа во велешко има 24 нови случи на лица позитивни на ковид-19

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 55 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има   24 нови  случи на лица позитивни на ковид-19. Во истиот период оздравени се  10 пациенти. Вкупниот број на активни случаи во велешко е  369, соопштија од Министерството за здравство. После неколку дена, денес не е регистриран смртен случај во велешко, од последици на корона вирусот.  

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 55 пациенти. Потврдено позитивни се 41 , непотврдени  се пет и  негативни се девет, но со потреба од продолжено лекување, потреба од кислородна поддршка.


„Ново примени се двајца пациенти, еден  во Модуларната Болница кој е префрлен од Интерно одделение и еден испратен од матичен лекар.  Испишани како оздравени се четворица пациенти кои се оздравени си по еден негативен ПЦР тест. На континуирана кислородна поддршка се 26 пациенти, 14 од нив се на Инфективно, девет во Модуларната болница и тројца на Интерно одделение“ - кажа д-р Елена Левкова  Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти, на Интерно „Б“ тракт осум и 23 во Модуларната Болница.

фото Зоран Николов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »