речник контакт

Изминатите 24 часа во велешко регистрирани се 27 нови случаи на лица позитивни на ковид-19

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 43, ист како вчера

Петар Печков

Здравствениот билтен за изминатите 24 часа во велешко регистрирани се 27  нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и 19  оздравени, соопштија од Институтот за јавно здравје.  Бројот на активни случаи со корона вирусот е 329 лица, со штоВелес  остана на третото место во земјава, после Скопје Куманово.  

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти  е ист како вчера 43, од нив 26 се на Инфективно одделение, 11 во Модуларната болница, додека на Интерно  се шестмина  пациенти.  

„Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 29 се потврдено позитивни, 11  се негативни, но со потреба од продолжено лекување   а тројца  пациенти се непотврдени.  На кислородна поддршка се 26 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »