речник контакт

Изминатите три дена во велешко казнети се 63 лица оти не носеле заштитна маска

Во истиот период во Кавадарци казнети се 13 а во Неготино девет лица

Петар Печков

Изминатите три  дена  од викендот, во велешко  казнети се 63  лица поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.

Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во петокот  биле констатирани  15 прекршока, во саботата 27 и вчера во неделата 21.   Овие граѓани не ја почитувале  Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски. Во овој период казнети биле и 13 лица во Кавадарци, четири во петокот, две во саботата и седум вчера во неделата. Во Неготино претходните три дена казнети се вкупно  девет лица, седум во петокот и вее вчера, во неделата.

Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »