речник контакт

Изработен неотровен препарат бркач на змии

Дело на велешки технолог магистер, моментално стечаец и Центарот за Јавно здравје од Велес

Петар Печков

Центарот за Јавно здравје од Велес го подготви првиот неотровен бркач на змии, изработен по идеја  на велешки технолог, стечаец. Една година се работело на овој препарат, кој покажал при испитувањето висока ефикасност.  Тој е прв ваков препарат во Македонија кој не  е отровен.   Досега за заштита од змиите се користеле  сулфур и нафталин, но тие се токсични.

Направен е со екстракција на етерични масла, од тревки и дрва. Го користи  развиениот осет за мирис на змијата, која преку него ја брка од просторот. Има мирис на  оган, на изгорено, што кај сите животни, вклучувајќи го и овој влекач предизвикува природен нагон на бегство.  Слично средство  има во странство но е скапо, кај нас чини 850 денари, може да покрие простор од 150 до 200 м2. За лозја и ниви  не е  препорачливо оти таму има голем простор  – изјави д-р Флорентина Ристовска Шурбевска директор на регионалниот ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Средството се препорачува  за урбани средини, таму каде има деца, домашни миленичиња, за дворови.   Бркач на змии е  идеја и дело на технолог инженер, магистер по  органска хемија стечаец, кој сакал да остане анонимен, изработено е во Центарот за јавно здравје во Велес со апаратурата која тие ја имаат. Се работело една година на овој препарат, кој може да се најде единствено кај нив.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »