речник контакт

Израелци на тандем велосипед, двосед ја шетаат Македонија, беа и во Велес

Седум дена им се доволни за Дрор и Јара да ја посетат земјава

Петар Печков

Двајца млади Израелци, Дрор и Јара, од Ерусалим со тандем велосипед се во посета на Македонија. Тие седум дена престојуваат во земјава, со желба да ја посетат и прошетаат. Крајна цел е Охрид, за кого слушнале и виделе многу пофални работи, како центар на православието.

Дојдовме специјално да ја  видиме Македонија, бидејќи таа е нешто посебно. Можевме да заминеме за Франција или било  каде, но се решивме за Вашата земја. И тоа да го видиме Охрид. Сме слушнале многу за луѓето тука ,се е чудесно – вели Дрор.

Тој и неговата девојка Јара се студенти на економија, таа на музика отсек флејта. Живеат во Ерусалим.   Со авион стигнале  Софија, ќе ја извозат на велосипед двосед Македонија  па си заминат со брод од Игуменица за Израел. Постојано  патуваат со велосипед,  а   посебно  им е тешко кога возат по угорници и  мали селски патишта кои се калливи.

Треба координација помеѓу двајцата и голем физички напор посебно кога одиме кон високо. Тогаш е   најтешко. Патиштата се добри, кога возиме возачите   љубезни. тие ќе ни свирнат ќе не претекната. Никогаш не сме биле тука, интересно е за возење, и имате многу добро вино, видовме многу  винарии по пат – додава Јара.  

Пробале од македонска локална храна, која имала добар и впечатлив вкус.  Објаснуваат дека се чувствуваат безбедно, иако во понеделникот било  посебно лошо патувањето поради силниот дожд. кога врнело цел ден. Иако имале желба да спијат во Свети Николе не стигнале, спиеле  во шатор кој прокиснал од водата, се надеваат и очекуваат подобро време.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »