речник контакт

Изречена прва осудителна пресуда, за смртта на малата Тамара

Елена Трпкоска доби условна затворска казна за несовесно работење во службата

Петар Печков

Елена Трпкоска, како претседателката на Управниот Одбор на Фондот за здравство е прогласена за виновна по предметот  за смртта на Тамара Димовска од Велес, кој се водеше во Основен суд Скопје1.  

Таа добила условна казна затвор од  една година, која ќе се реализира  ако во следните три години направи ново кривично дело.  На Трпкоска и   се судело  за кривичното дело  „несовесно работење во службата“  во одвоена постапка од останатите обвинети, поради здравствени проблеми. Оваа пресуда ја донел судијата Марин Станевски.

Пресудата се уште не е правосилна и течат роковите за жалба. Поради здравствени проблеми судењето за Трпкоска беше одвоено од судењето против останатите единаесетмина обвинети меѓу кои се доктори од двете комисии кои одлучуваат за лекувања во странство, како и тогашните директори на фондот.

Сите тие  се обвинети за несовесно работење во службата. Малата Тамара почина во февруари 2015 чекајќи државата да и овозможи операција во странство за сколиозата. Нејзината смрт предизвика жестоки реакции во јавноста. Процесот против докторите и директорите во Основен суд Скопје 1 започна во јуни 2017 и се уште не е завршен,  следното рочиште е на 12 ти јуни.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »