речник контакт

Иле Попов нов претседател на Сојузот на училишен спорт во Велес

Мандатот е четири години

Петар Печков

Професорот по спорт и спортски активности Иле Попов е новиот претседател на Сојузот на училишен спорт на Велес (СУС).Тој беше избран на оваа позиција на годишно – изборно собрание на Сојузот.

На Собранието се разгледал извештајот за работата и финасискиот извештај на СУС Велес за изминатиот период.

Досегашниот претседател Славчо Давитков се повлече од оваа позиција каде беше четири мандати а за неговата работа колегите му изразија благодарност.

Иле Попов е вработен во велешката Гиманзија Кочо Рацин. Неговиот мандат е четири години. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »