речник контакт

Илегалниот транспорт на мигранти, меѓународен бизнис, денес уапсен државјанин на Албанија

Изминатите денови, на подрачјето на Велес, беа уапсени државјани на Косово и Србија, денес државјанин на Албанија е фатен како превезувал 21 мигрант од Пакистан и Индија

Петар Печков

Откако изминатите денови, на подрачјето на Велес,  беа уапсени државјани на Косово, Србија, денес државјанин на Албанија е фатен како превезувал илегално мигранти.

„Денес, понеделник околу 10.30 часот на автопатот А1, делница Градско - наплатна станица „Отовица", пред место викано „Дервенски мост", полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија. Возачот се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија- соопштија од МВР.  За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »