речник контакт

Илиевски и Костандиновска победници на Купот во далечинско пливање одржан на езеро Младост (фото)

Ова беше и финале од годишаниот Куп во далечинско пливање

Петар Печков

Седмиот Куп во далечинско пливање, се одржа денес на езеро Младост, во скромен обем, помал број учесници и на пократка патека. Причина пандемијата на ковид-19.Ова беше и финале од годишаниот Куп во далечинско пливање.

За севкупни победници  по повеќето испливани категории по возраст, Пливачката федерација ги прогласи   Александар Илиевски, член на пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје и во женска конкуренција  Јана Костандиовска од пливачки клуб „Нептун“. Тие пливаа на патеката во должина од 2,5 км. 

Севкупниот победник, по четирите одржани куп натпревари во далечинско пливање (Крушевско, Охридско, Мавровско и езеро Младост), ќе биде познат подоцна а признанието на победникот ќе му биде врачено во Скопје.  

Организатор беше  Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28", финансиски поддржано од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »