речник контакт

Илова и Мартиновска читатели на велешка библиотека со најмногу прочитани наслови за 2021-ва

За највозрасен читател наградa доби Марија Питиќова а за најмлад Матеја Мартиновска

Петар Печков

Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес ги награди читателите, кои прочитале најмногу книги минатата 2021- година.  Кај возрасните тоа е Десанка Илова, додека од детскиот оддел е Ангела Здравковска.

Наградени беа и највозрасниот читател- тоа е Марија Питиќова и најмладата Матеја Мартиновска.

Сите тие добија награда книга и бесплатна членарина за следната година. 

Минатата година во велешката библиотека имало 5.527 членови, од нив 2.405 биле деца. Споредено со 2020-та имале 313 членови повеќе и тоа сите од одделот за возрасни, додека кај децата се бележи пад на бројот на членови.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »