речник контакт

Илјада велешани побарале документи од Архивот

Најмногу за легализација на дивоградбите и стаж за стечајците

Петар Печков

Велешани  во голем број ги користат услугите ан Историскиот Архив, подрачно одделение Велес за регулирање на нивните права. Годинава што изминува  околу илјада велешани писмено побарале да добијат документи кои се важни за нив, за остварување на некои права.

Најмногу барања се са регулирање на работен стаж, документи од Фондот на ПИОМ. Доста барања има и за документи – пресуди од Општински суд Велес, купопродажни договори, договори за  поклони. Потоа следат барања за техничка документација, за остварување на право на легализација на куќи, дворни места. Удираме и печати на документи кои можат да се користат и по повеќе од 100 и 150 години, во зависност до важноста- содржината на документот, даваме такви технички услуги. Се обидуваме максимално најбрзо да го завршиме нашиот дел. Дали странката ќе добие документ,за виси дали  институцијата своевремено го предала. Ако е тука, секој што ќе побара ќе добие тоа што сака  – изјави раководителот Слободан Ников.

Тој додаде дека во зависност од годината различни биле документите кои граѓаните ги барале. До мината година се барале документи потребни за денационализација, но бидејќи тој Закон е во завршна фаза сега се барале други документи за легализација.  Последните месеци стечајците од Порцеланка ги барале документите за да можат да докажат дека имаат 25 години стаж, за да бараа стечаен надоместок.   За ова се наплатувала и такса, за стечајците 150 денари, додека за другите документи, во согласност со пропишаните законски обврски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »