речник контакт

Илјадници велешани за славата на Манастриот Св. Димитрија (фото)

Одбележан Источен петок Балаклија

Петар Печков

Илјадници велешани, старо и младо, мажи и жени, православни и  но и муслимани доаѓаат во посета на манастирот Св. Димитгрија близу Велес.  Првиот четврток по Велигден, попладнето  и следниот ден петок  претпладнето храмот  оживува. На овој ден се празнува  манастирската слава   Источен Петок - Балаклија.

Ова е ден кога во  православието се чествуваат светите води. Така е со години. Манастирот се наоѓа на излезот од градот кон Гевгелија, близу утоката на реката Тополка во Вардар и под старото градско Кале. Река велешани тече од попладневните часови до доцните ноќни. Се оди пеш и по неколку километри за да се стигне до црквата. 

Имам седумдесет и кусур  години,  идам од кога паметам за себе и ќе доаѓам се додека ме служи здравјето. Ова е голем празник за велешани, за храмот, за сите нас. Оставам аманет младите да го чуваат и негуваат, бидејќи верата го одржала овој народ со векови - вели Стојна Тодорова.  

Таа со пријателките запали свеќа за здравје. Но и ги посетија останати кои се околу манастирот.  Тоа се Св. Недела,  Св. Петка, Св. Јован и Св. Никола, што го први овој  комплекс значаен и единствен. Славата на  манастирот Св. Димитрија за велешани   и за црквата  има посебно значење. Источен петок Балаклија е верски празник посветен на „животодавниот извор“ или изворот што живот дава, чија сила ја почувствувале не само христијаните туку и други верници. Затоа тука многумина доаѓаат со надеж за спас и верба дека лошите сили ќе бидат истерани. 

Манастирот има интересна историја, бил пет века под земја. На сон на воденичарот Петре Здравев му се јавувало дека    на тоа место има црква. Неколку пати ги убедувал турските бегови да му дадат дозвола да почне со откопување. Кога конечно ја добил, по некое време се појавил кровот а потоа и црквата. ја откопале. Тоа било 1855-та година. Затоа гробот на Петре е до црквата.

Се смета дека црквата е закопана пред доаѓањето на Турците освојувачи,  од страв од  месното  население да не ја  запалат и  уништат. Значајно е што на една од иконите во внатрешноста е запишано,,,нацртал Хаџи Коста, зограф и фотограф,,.Ова е за прв пат во пишан збор да се  спомнува фотограф на територијата  на Македонија, далеку со децении пред  браќата Манаки.  Црквата се смета дека е средновековна, градена во 13-ти или -14 век.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »