речник контакт

Има готови лични документи, но нема луѓе кој да ги распредели, кажа министерот Тошковски

Линијата за закажување била оптоварена со околу 500 повици во минута и затоа на може да се добие операторот

Петар Печков

Има готови лични документи, кои не може да се дистрибуираат и достават до граѓаните. Ова беше констатација упатена до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, при вчерашното гостување во Топ тема на ТВ Телма. 

Дали е точно дека има неотворени кутии со документи, кои не може д се распоредат по градови, беше прашањето до министерот и ако е така зошто на се распределува кадар да се поделат овие лични документи.   Законската обврска за доставување на личните документи по фотографирањето  до граѓаните е 10 работни дена.

„Точно е. Недостасува кадар.  Во координација со дополнителниот и заменикот министер прераспределени  се 30 луѓе. Во овој процес на издавање  не може да биде вклучен било кој,  треба да добијат соодветни документи, не  е така едноставно како што изгледа од надвор. Немам увид колку готови документи се нераспределени, бев фокусиран на отстранување ма  чекањето за нови лични документи“ - кажа  министерот Тошковски.

Тој одговори и зошто  не може да се добие операторот на специјалниот телефонски број за закажување 072/929292.

„Не може да се добие слободна линија, оти има по 500 повика во минута, линијата е преоптоварена“ - додаде Тошковски.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »