речник контакт

Има осомничен за смртта на Вучков кој беше пронајден повреден на патот Велес - Градско

Сторителот го пријавил возачот кој возел зад него и бил сведок на настанот

Петар Печков

Велешкото обвинителство има осомничен  за смртта на пешакот, кој настрада пред четири месеци близу ,,Агриа,,.  Далибор Вучков ( 33 год) од Аџиматово се здоби со тешки повреди, по кои почина откако беше удрен од тогаш непознато возило на регионалниот пат Велес - Градско, близу месноста ,,Бавчите на Јулика,,. 

Истрагата спроведена од ОЈО Велес покажала дека починатиот настрадал од удар на автомобил за што има сведоци кои го посочиле возачот. 

По извршена обдукција на телото на починатиот е утврдено дека смртта е последица на настанати повреди од сообраќајна несреќа. Во моментот на незиното случување, на регионалниот пат се движеле повеќе возила. Сега осомниченото лице било пријавено од страна на возач кој управувал со возило кое било зад возилото на осомничениот. Во обвинителството е пристигнато и сообраќајно техничкото вештачење на возилото и е извршен распит на осомниченото лице. Надлежен јавен обвинител издаде Наредба за вршење на дополнително вештачење во насока на утврдување на динамиката на настанатите повреди кај сега починатиот, која треба да ја покаже причинско последичната врска меѓу повредите од сообраќајната несреќа и смртта на пронајденото лице - пишува во одговорот на ОЈО Велес по прашањето до каде е истрагата за овој случај. 

Сообраќајката се случи на 05 март  годинава, околу 18,00 часот, на регионалниот пат Велес-Градско, кога тогаш  непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Далибор Вучков  од село Аџиматово, велешко, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот, побегнало.  На повредениот му била пружена прва помош од екипа  на Итна медицинска помош по што  бил пренесен во Општа болница Велес, каде починал.

 фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »