речник контакт

Именувања во локални образовни институции

Чоков во ОУ Васил Главинов, Малинов во ОУ Стојан Стојчевски Буридан, Јорданов во Интернатот и за в.д во Гимназија Темелковска

Петар Печков

Во три локални образовни институции избрани се директори, по распишаните конкурси а во една в.д..

Во ОУ Васил Главинов е избран Сашко Чоков  професор по одделенска настава, кој изминатиот период беше и в.д. директор.   

Во ОУ Стојан Стојчевски Буридан  во Иванковци избран е м-р по музика Трајче Малинов. Тој исто така изминатиот период беше в.д. директор.

Во средношколскиот дом за сместување на ученици ,,Лазар Лазаревски,, избран е Марјанчо Јорданов, проф. по физичка култура.

Во Гимназијата ,, Кочо Рацин,, за в.д е поставена Љубица Темелковска  професорката по француски јазик која оваа функција ќе ја врши во следниот период до изборот на директор по пат на конкурс. Ова откако постојниот конкурс не успеа оти  Училишниот одбор не доставил предлог го градоначалникот за избор на нов директор. 

Градоначалникиот  Коцевски кажа дека се поставени и двајца в.д диреткори во двете нови Јавни претпријатија, но засега тие не засновале уште работен однос.   Филип Зафиров во ЈП Велес паркинг  и Александар Гулевски на Велес гас.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »